Прескокни до содржината

Шеста недела по Педесетница – Архиерејска Литургија во Прилеп

·Igor Rizanovski
Шеста недела по Педесетница – Архиерејска Литургија во Прилеп

На 08.07.2018 г., во Шестата недела по Педесетница , кога го празнувавме споменот на Преподобната маченичка Февронија и Преподобниот Дионисиј; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свето Благовештение“, во Прилеп. 

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Шеста недела по Педесетница – Архиерејска Литургија во Прилеп

„Тогаш Он влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна, во својот град. И ете, донесоа при Него еден фатен, положен на постела. Па кога ја виде Исус нивната вера, на фатениот му рече: „Не плаши се чедо! Ти се простуваат гревовите твои!” Тогаш некои од книжниците рекоа во себе: „Овој богохулствува”. А Исус, штом ги разбра мислите нивни, рече: „Зошто мислите лошо во срцата ваши? Или, што е полесно? Да кажам: »Ти се простуваат гревовите твои!« или да кажам: »Стани и оди!«? Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштава гревови”. Тогаш му рече на фатениот: „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!” И тој стана, ја зеде постелата своја и си отиде дома. А народот, кога го виде тоа, се зачуди и Го прослави Бога, Кој им дал таква власт на луѓето“.

Свети Григориј Палам, размислувајќи за денешното Еангелие вели: „Дали сега јасно гледате дека од гревот не потекнува само смртта, туку и болестите и немоќите на телото? Тоа ни го покажува и Господ во Евангелието, кога имал намера да го излекува раслабениот во Капернаум, кој го донеле кај Него четворица, и кога му рекол: „Чедо, ти се простуваат гревовите твои“, нагласувајќи ги почетокот и причината за појавувањето на болеста, и тогаш извршувајќи го исцелението. На оној, пак, што лежел во овчата бања во Ерусалим му вели: „Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо!“ И Павле, знаејќи го ова, дека повеќето болести потекнуваат од гревот, зборува за оној што недостојно пристапува кон Светата Трпеза и вели дека таквиот човек си ја јаде и пие сопствената осуда, додавајќи: „Затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат“. Но, и неволјите од смртна природа, од коишто произлегува секоја болест, секако, потекнуваат од гревот. Ретки се оние што страдаат заради славата Божја, како оној што се родил слеп и кој бил исцелен од Господа“.