Прескокни до содржината

Што би направиле, кога секој ден би добивале по 86 400 долари?

·Zlatko Divjakovski
Што би направиле, кога секој ден би добивале по 86 400 долари?

Ако секое утро ти даваат по $ 86 400, под услов да го потрошиш за еден ден, а неискористениот дел да ти се земе, што би направил со парите?

  • Секој долар би го потрошил за радост и за подароци на сите, кои ги сакам, па дури и на оние кои не ги познавам. Зашто не мислам дека би можел да потрошам 86 400 долари, само за себе и за моите блиски. Но, што сакаш да кажеш?

  • Таква волшебна банка постои. Тоа е времето! Секое утро, будејќи се, ние добиваме кредит од 86 400 секунди, и остатокот исчезнува вечерта. Тоа што нема да успееш да проживееш за еден ден – пропаѓа.

Секое утро, волшепството започнува повторно, и повторно ни се дава неповратен кредит од 86 400 секунди. Постои едно правило: банката може да ја затвори сметката во секој момент, без предупредување. Животот може да запре во секоја секунда. А една секунда живот е поважна од еден долар, нели?

Марк Леви („Меѓу небо и земја“)

Извор: Адме.ру