Прескокни до содржината

Што е среќа? - рубрика духовитост

·Zlatko Divjakovski
Што е среќа? - рубрика духовитост

Еднаш, на час во богословија, почитуван архимандрит – инспектор во семинаријата – ги прашува студентите на час по пастирско богословие:

  • Што мислите, што е тоа среќа?

Ајде, ти кажи!

  • Среќа е, ден и ноќ да стоиш пред престолот, да се молиш за луѓето, - одговорил првиот.

  • Среќа – е да стоиш пред аналојот, ден и ноќ, да ги исповедаш луѓето, да им ги простуваш гревовите, да ги извлекуваш из пеколот, - одговорил и вториот.

  • Среќа – е да ги учиш децата на вера, надеж и благочестие – рекол третиот.

И така натаму. Тие одговараат и сфаќаат дека отецот архимандрит не е задоволен од нивните одговори.

И тогаш, старешината на храмот, се осмелил да праша:

  • Оче архимандрите, а вие што мислите, што е среќата?

  • Браќа, среќа е (а тој тогаш имал 72 години) – кога имате добро расположение.

Игумен Мелхиседек Артјухин