Прескокни до содржината

Синодот на РПЦ го вклучи во месецословот на Руската Црква преподобниот Порфириј Кавсокаливиски

·Zlatko Divjakovski
Синодот на РПЦ го вклучи во месецословот на Руската Црква преподобниот Порфириј Кавсокаливиски

Одлуката преподобниот Порфириј Кавсокаливиски да биде влучен во месецословот на Руската Православнa Црква е донесена на седницата на Светиот Синод на РПЦ, одржана на 25 декември 2014 г. во Синодалната сала при официјалната патријаршиска и синодална резиденција во Даниловиот манастир во Москва, под претседателство на Московскиот Патријарх и на цела Русија Кирил, соопшти порталот „Русский Афон“.

Согласно одлуката на Светиот Синод на РПЦ, празнувањето на споменот на преп. Порфириј Кавсокаливиски ќе биде на 2 декември, како што тоа е утврдено во Константионополската Православна Црква.

Предлогот за потребата од вклучување на преп. Порфириј во месецословот на РПЦ го поднел Волоколамскиот Митрополит Иларион, претседателот на Одделот за надворешни црковни врски.

Покрај тоа, Светиот Синод на РПЦ одлучи да го вклучи во месецословот името на ученикот на светогорските Старци преподобниот Гавриил (Ургебадзе) Самтавријски, со празнување на неговиот спомен на 2 ноември, како што тоа е утврдено од Грузиската Православна Црква.

Преземено од http://mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=6331