Прескокни до содржината

Собор на Свети Архангел Михаил - Архиерејска Вечерна богослужба во Варош

·Igor Rizanovski
Собор на Свети Архангел Михаил - Архиерејска Вечерна богослужба во Варош

На 20.11.2019 г., во предвечерието на празникот Собор на Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи празнична Вечерна богослужба во манастирскиот храм посветен на Светиот Архангел Михаил, во Варош.

Собор на Свети Архангел Михаил - Архиерејска Вечерна богослужба во Варош

Чиноначалникот на вишните сили, Михаил, првиот меѓу божествените чинови, кој оди со нас постојано и сите нас нѐ штити од ѓаволските напади, денес нѐ повика на торжество. Затоа, дојдете празникољупци и Христољупци, со цвеќе на добродетели, со чисти мисли, и добра совест, да го прославиме соборот на архангелите, бидејќи тој непрестајно стоејќи пред Бога, и пеејќи ја Трисветата песна, се моли да се спасат душите наши.