Прескокни до содржината

Свечено отварање на Рускиот почесен Конзулат во Битола

·Zlatko Divjakovski
Свечено отварање на Рускиот почесен Конзулат во Битола

Во присуство на црковни великодостојници, дипломати, министри, бизнисмени и граѓани, на свечена церемонија, вечерва во Битола беше отворен новиот почесен конзулат на Руската федерација, како втора конзуларна единица во Република Македонија, после охридската. 

Новиот почесен конзул е рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, кој живее во Македонија, познат како голем мецена, донатор, спонзор и филантроп.

„Присуството на руски почесен конзулат, уште еднаш го потврдува огромното значење на градот под Пелистер, за историјата на нашата држава“, рече во своето пригодно обраќање Илија Исајловски, заменик министер за надворешни работи.

Свечено отварање на Рускиот почесен Конзулат во Битола

„Почесните конзули, традиционално играат голема улога во развојот на трговски, економски, културни и хуманитарни односи на државите. Тие придонесуваат за зближување на нароите и зацврстување на нивните односи“,рече рускиот амбасадор Олег Шечрбак.

Свечено отварање на Рускиот почесен Конзулат во Битола

„Рускиот народ и македонскиот народ, многу сме блиски. Блиски сме по верска основа, блиски и по генетска основа. Така беше, така е и така ќе биде“, рече Сергеј Самсоненко, новиот почесен конзул во Битола.

Свечено отварање на Рускиот почесен Конзулат во Битола

После свеченото отварање, осветувањето на просториите на Конзулатот го изврши поглаварот на Македонската Православна Црква, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.

Свечено отварање на Рускиот почесен Конзулат во Битола

Русија својот прв конзулат на Балканот го отворила во 1861 година токму во Битола, а Руската федерација го имаше возобновено во 2002 година. Од вечерва, со мисија за културно и духовно зближување на двата народа, како и помагање за потребите на македонски и руски граѓани од овој регион, почесниот конзулат официјално ја започна својата работа во новите простории на плоштадот Магнолија.

Свечено отварање на Рускиот почесен Конзулат во Битола

Петар Стефановски

Стефче Крстевски

Извор: http://www.alfa.mk