Прескокни до содржината

Света Архиерејска Литургија во манастирот „Свети Великомаченик Меркуриј“ во село Барешани

·Igor Rizanovski
Света Архиерејска Литургија во манастирот „Свети Великомаченик Меркуриј“ во село Барешани

На 07.12.2018 г, кога го празнуваме споменот на Светиот Великомаченик Меркуриј и Светата Великомаченичка Екатерина, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Великомаченик Меркуриј“ во село Барешани.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Света Архиерејска Литургија во манастирот „Свети Великомаченик Меркуриј“ во село Барешани

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Кога ќе ве изведат пред цареви, судии и мачители, не мислете што ќе зборувате! Вашиот Отец ќе ви даде премудрост што и како ќе говорите!“ (сп. Марко 13, 11).

Браќа и сестри, денеска ги прославуваме Светите маченици на Црквата Христова Свети Меркуриј и Света Екатерина.

Свети Меркуриј бил војник во времето на царот Декиј ...

(Аудио) «Празнична аудио проповед на Митрополитот г. Петар»