Свети Архангел Михаил - Архиерејска Вечерна Богослужба во Довлеџик
·Zlatko Divjakovski

На 20.11.2016 г., во предвечерието на празникот Свети Архангел Михаил, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи празнична Вечерна богослужба со петтолебие, во храмот посветен на Светите Архангели, во Довлеџик, Битола.
Тропар на Светите Сили Небесни, глас четврти
Водачи на небесните војски, ние недостојните
ве молиме секогаш, со вашите молитви
да не’ заштитите под покривот на крилјата на
вашата бестелесна слава, чувајќи нѐ
нас што усрдно паѓаме и воскликнуваме:
од беди избавете нѐ, како чиноначалници на небесните сили!
   