Свети архиѓакон и првомаченик Стефан

На 09.01.2016 г., на Третиот ден Божик, кога го празнуваме споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Свети Кирил и Методиј во Прилеп.
На Литургијата, владиката го ракопроизведе во чтец дипломираниот теолог Миле Маџароски.
Тропар
глас четврти
Првомачениче Христов и апостоле, со добар подвигси се подвизувал, и си го изобличил безбоштвото намачителите. Бидејќи со камења беше убиен од рацете набеззакониците, прими венец од Десницата што е во височините,а на Бога Му се молеше, извикувајќи:„Господе, не им го земај ова за грев!“
Кондак
глас третиГоспод вчера доаѓаше во тело, а денес слугата излегува од тело.Вчера Царот во тело се роди, денес слугата со камења е убиван:за Него и умира првомаченикот, божествениот Стефан.