Прескокни до содржината

Свети Наум Охридски, Чудотворец – Архиерејска Вечерна во Битола

·Igor Rizanovski
Свети Наум Охридски, Чудотворец – Архиерејска Вечерна во Битола

На 04.01.2019 г., во предвечерието на празникот, кога го празнуваме споменот на Светиот Наум Охридски Чудотворец, Митрополитот Преспанско-пелагниски г. Петар отслужи празнична Вечерна богослужба во манастирот „Св. Наум“, во Битола.

Свети Наум Охридски, Чудотворец – Архиерејска Вечерна во Битола

Соединувајќи се со Христа си го оставил светот,  живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме. Си се стремел како апостолите да се подвизуваш и безбројното мизијско множество во верата си го вовел. Така и нас, со Твоите молитви, избави нè од искушенија.

Преподобен оче наш Науме, моли Го Бога за нас!