Прескокни до содржината

Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски – Архиерејска Литургија во Битола

·Igor Rizanovski
Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски – Архиерејска Литургија во Битола

На 25.12.2о18 г., кога го празнуваме споменот на Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храмот Свети Великомаченик Димитриј, во Битола.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски – Архиерејска Литургија во Битола

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Блажени се бедните по дух, зашто нивно е Царството небесно!“ (сп. Мат. 5, 3).

И денешниот светител кој го празнуваме, Светиот Спиридон, епископот Тримифунтски, е блажен, браќа и сестри, зашто што бил беден или скромен по дух.  Бедни и скромни по дух, се оние луѓе, кои ништо не сметаат за свое, туку сè што имаат, дали е тоа имот, дали е тоа некакво друго богатство, дали е знаење, дали е наука, дали е положба, дали е некој постигнат успех во животот или кариера, тие ништо од тоа не сметаат за свое...

(Аудио) «Празнична аудио проповед на Митрополитот г. Петар»