Прескокни до содржината

Тропар на Светиот Христов епископ Ахил Преспански, Лариски

·Igor Rizanovski
Тропар на Светиот Христов епископ  Ахил Преспански, Лариски

Тропар на Светиот Христов епископ  Ахил Преспански, Лариски

Кога Христос би бил Божја творба,

залудна би била нашата борба,

надежта пропаднала, верата онемела,

о Ахиле свети,

вистината плотта ти не ја дојави

туку Оној Кој преку тебе вршеше чудеса,

лагата замолкна, Величието посведочено,

љубовта во верните срца зацарува.

Моли се саду на Божјата благодат:

небото и земјата додека постојат

ние да се спасуваме по твоите молитви со вера

во Бога, Еден во Пресвета Троица,

Единосушна и неразделно соединета.

Извор: Манастир Свети Јован Претеча - Слепче