Прескокни до содржината

Тропар на светиот Христов маченик Талалеј бессребреник

·Igor Rizanovski
Тропар на светиот Христов маченик Талалеј бессребреник

Тропар на светиот Христов маченик Талалеј бессребреник

Со благодатта Христова спознавајќи го животот вечен,

утеха си носел на родот човечки,

лекувајќи ги бесплатно нивните болести,

со Божјото слово мелем на душите нивни постави,

со сила Христова демони протера,

маченички крвта твоја се пролеа,

засекогаш за нас да биде утеха

и доказ дека силата Христова во немоќта се покажува.

О Талалее моли го Христа Бога

да го прими секој кој кон тебе приоѓа во Неговата рајска градина.

Извор: Манастир Свети Јован Претеча - Слепчe

Тропар на светиот Христов маченик Талалеј бессребреник | Преспанско-Пелагониска Епархија