Прескокни до содржината

Турски-муслимани добиваат исцеленија во православни храмови

·Zlatko Divjakovski
Турски-муслимани добиваат исцеленија во православни храмови

28 март 2015 г.

Според веста на турскиот весник «Hürriyet», многу турци-муслимани бараат исцеление од своите болести во... православните храмови во земјата.

Статијата во весникот „Hürriyet“, е објавена под наслов „Во која црква одат и со каква надеж?“ раскажува за тоа дека турците главно ги посетуваат грчките православни цркви во регионот на Константинопол, пренесува Седмица.ru.

Прва, и најпозната меѓу нив, која фигурира во тој чудесен список, е црквата на светиот великомаченик Георгиј Победоносец на Принцевските Острови, која станала светски позната имено за масовната посета од турско население, која доаѓа тука по повод празникот на 23 април.

Турски-муслимани добиваат исцеленија во православни храмови

Покрај тоа прекрасно место, турското население оди и во други православни цркви. На пример, според податоците од дадениот весник, многу турци доаѓаат во храмот на св. великомаченик Димитруј во Kuruçeşme – се смета, дека тука може да се излечи грлото и проблемите со гласот. Многу турски поклоници, неми или кои страдаат од дислексија, исто така одат во оваа црква.

Извор: http://www.pravoslavie.ru/news/78234.htm