Прескокни до содржината

Вечерна во храмот Рождество на Пресвета Богородица - Битола

·Zlatko Divjakovski
Вечерна во храмот Рождество на Пресвета Богородица - Битола

Вечерта, на 20.09.2015 година, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ беше отслужена празнична Вечерна богослужба по повод раѓањето на Пресветата Владичица.

Со Вечерната чиноначалствуваше архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор о. Никола Грамбозов, а покрај домашниот машки хор „Свети Нектариј Битолски“, гостуваше и ресенскиот црковен хор „Св. Ахил Преспански“.

Вечерна во храмот Рождество на Пресвета Богородица - Битола

Величание:

Те величаме Пресвета Дево, ги почитуваме твоите свети родители, и го славиме Твоето сеславно рождество.

Паримија на празникот:

  1. Премудроста си изгради дом, ги утврди седумте столбови негови,

  2. ги закла своите жртви, го расточи во чаша виното свое и ја приготви трпезата своја;

  3. ги испрати слугите свои да огласат од градските височини:

  4. „Кој е неразумен, да наврати тука!” И на малоумните таа им рече:

  5. „Дојдете, јадете го лебот мој и пијте го виното, што сум го приготвила;

  6. оставете ја неразумноста, и ќе живеете; одете по патот на разумот.”

  7. Кој поучува бесрамник, ќе си спечали неславност, и кој го разобличува нечестивецот – дамка.

  8. Не изобличувај го бесрамникот, за да не те намрази; поучувај го мудриот, и тој ќе те засака.

  9. Дај му совет на мудриот, и тој ќе биде уште помудар; научи го праведниот, и тој повеќе ќе напредне во знаењето.

  10. Почеток на мудроста е стравот Господов, и познавањето на светиот е разум;

  11. зашто преку мене ќе ти се умножат дните, и ќе ти се додадат години на животот.

(Изрек. 9, 1-11)

Вечерна во храмот Рождество на Пресвета Богородица - Битола Вечерна во храмот Рождество на Пресвета Богородица - Битола Вечерна во храмот Рождество на Пресвета Богородица - БитолаВечерна во храмот Рождество на Пресвета Богородица - Битола Вечерна во храмот Рождество на Пресвета Богородица - Битола Вечерна во храмот Рождество на Пресвета Богородица - Битола

Поврзано: Храм Пресвета Богородица Битола