Прескокни до содржината

Велики петок - Оплакување и погребение

·Zlatko Divjakovski
Велики петок - Оплакување и погребение

На 14.04.2017 година, во соборниот храм Свети Димитриј, Битола, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Утрена богослужба со Чинот на оплакување и погребение на Господ наш Исус Христос.

1. стих: Блажени се непорочните кои одат според законот на Господа.

Живот си, Христе,

Но в гроб Те ставија,

Ангелските воинства се исплашија

Славејќи го Твоето смирение.

2. стих: Блажени се тие кои со сето срце ги исполнуваат Божјите заповеди.

Животе, зошто умираш

И в гроб лежиш?

Но, царството на смртта го разоруваш,

Од адот мртвите ги издигнуваш.

3. стих: По патишта Негови одеа оние што беззаконија не твореа.

Иисусе Царе,

Тебе Те величаме,

Гробот и маките ги почитуваме

Со кои не спаси од пропадливост.

Велики петок - Оплакување и погребение Велики петок - Оплакување и погребение Велики петок - Оплакување и погребение Велики петок - Оплакување и погребение Велики петок - Оплакување и погребение Велики петок - Оплакување и погребение Велики петок - Оплакување и погребение

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА