Прескокни до содржината

Велики Петок во храмот Пресвета Богородица - Битола

·Zlatko Divjakovski
Велики Петок во храмот Пресвета Богородица - Битола

На 14. 04.2017 г., Архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, заедно со свештенството, хорот и верните при храмот Пресвета Богородица, го извршија Опелото и Оплакувањето над Господ наш Исус Христос.

  1. Народите сите

Погребението Ти

Христе, со песни го пеат.

2. стих: Те љубам, Господи: погледни на мене и помилуј ме.

Денес Ариматеец

Од дрво Те симна

И во нов гроб Те положи.

3. стих: Моите нозе да чекорат по Твоите заповеди, Господи, и да не ме победи никакво безаконие.

Жени мироносци

Миро Ти донесоа

Од сѐ срце, Христе мој!

4. стих: Боже, избави ме од човечки клевети и ќе ги запазам Твоите заповеди.

Сите твари дојдете

Богу да принесеме

Песни жални, погребални.

5. стих: Боже, научи ме на Твоите повелби; светлината на Твоето лице да ме просветли.

Како мртов Животот,

Со мироносиците

С миро да го помажиме.

Велики Петок во храмот Пресвета Богородица - Битола Велики Петок во храмот Пресвета Богородица - Битола Велики Петок во храмот Пресвета Богородица - Битола Велики Петок во храмот Пресвета Богородица - Битола

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА