Прескокни до содржината

Во Москва подигнат „Ѕид на маките“ во спомен на жртвите од политичките репресии

·Zlatko Divjakovski
Во Москва подигнат „Ѕид на маките“ во спомен на жртвите од политичките репресии

На 30 октомври, 2017 г., во Москва, од страна на претседателот на Русија Владимир Путин и Светејшиот Патријарх Кирил беше отворен новиот споменик „Ѕидот на маките“, посветен на жртвите кои пострадале во политичките репресии, соопштува [«Интерфакс-религия»](http://interfax-religion.ru/?act=news div=68498).

  • Спомениците се потребни за исцеление на луѓето. Доаѓајќи тука, спомнувајќи си за трагичните настани од нашата историја, луѓето не треба да чувствуваат униние и очај, туку да размислуваат за своите потомци и за тоа, каква земја и каква историја сакаат да им остават во наследство – забележа Патријархот.

Во Москва подигнат „Ѕид на маките“ во спомен на жртвите од политичките репресии

Исто така, Светејшиот потенцираше дека неопходно е да се донесат правилни заклучоци од изминатиот век и никогаш повеќе да не се повторуваат грешките на предците.

Претседателот Владимир Путин политичките репресии ги нарече престап, кој не може да се оправда со никакви повисоки добра на народот:

  • Кога станува збор за репресиите, смртта и страдањата на милиони луѓе, доволно е да се посети Бутовскиот полигон и други братски гробишта на жртви од репресиите, кои ги има многу во Русија, за да се разбере: никакви оправдувања за тие престапи не може да има.

Претседателот исто така забележа дека: „неопходно е да се помнат и причините кои го предизвикаа тоа“, притоа укажувајќи дека „тоа не значи, да се повикува на „израмнување на сметките“ и одмазда“.

  • Не смееме повторно да го туркаме општеството кон опасната граница на отпорот. Денес е важно за сите нас да се потпираме на вредностите на доверба и стабилност. Само врз таа основа можеме да ги решиме задачите кои стојат пред нашето општество и држава – заклучи Претседателот.

Извор: http://foma.ru/patriarh-kirill-i-vladimir-putin-otkryili-v-moskve-stenu-skorbi.html