Во Неделата на св. Марија Египетска, Архиерејска Божествена Литургија во Крушево
·Zlatko Divjakovski

Во петтата Недела од Великиот пост, посветена на Преподобната мајка Марија Египетска, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во манастирот „Св. Спас“ во Крушево.
На Литургијата, Владиката изврши го ракопроизведи во чтец Александар Цагароски, кој повеќе години се подвизува на певницата.
Кондак глас 4:
Маглата на гревот избегнувајќи ја, со светлината на покајанието озарувајќи го твоето срце преславна, си дошла кон Христос. Сенепорочната и света Мајка, Нему за милостлива Молитвеничка си Му ја принела. Така си добила и прошка на гревовите, и со Ангелите секогаш се радуваш.









