Воскресение Христово - Архиерејска Пасхална Литургија во Битола

Христос Воскресна!
Празнувајќи го најголемиот празник над празниците, Светлото Христово Воскресение, Митрополитот Преспанск0-пелагониски г. Петар отслужи Пасхална Вечерна со Божествена Литургија во соборниот храм Свети Димитриј Мироточив, во Битола.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

**Дојдете примете светлина
****од невечерната светлина.
****И прославете го Христа
**Кој воскресна од мртвите.

Христос воскресна од мртвите,
со смртта, смртта ја победи,
и на оние во гробовите,
живот им подари

Воскресението Твое Христе Спасителе
**Ангелите го воспеваат на небесата, **
и нас на земјата удостој не
**со чисто срце да Те славиме. **

Подигнете се порти, подигнете се вечни порти
**и ќе влезе Царот на славата. **
Кој е Царот на Славата?

Господ, Крепкиот и Силниот Господ,
Тој е Царот на славата!
