Воскресение Христово (Велигден) – Света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола
·Igor Rizanovski

Во Светла ноќ на Воскресението Христово, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола, беше отслужена Пасхална Утрена и Света Божествена Литургија, со која началствуваше архиерејскиот заменик, протоерејот ставрофор Никола Грамбозов, во сослужение на протоереите Николче Димовски Чонтев, Зоран Димовски, ерејот Игор Ризановски и протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Христос Воскресна! Навистина Воскресна!