Прескокни до содржината

Воведение на Пресвета Богородица во храмот (Пречиста) - Празнична вечерна во Битола

·Igor Rizanovski
Воведение на Пресвета Богородица во храмот (Пречиста) - Празнична вечерна во Битола

На 03.012.2018 г., во предвечерието на празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот -  Пречиста, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Празнична Вечерна богослужба во храмот „Рождество на Пресвета Богородива“, во Битола.

Воведение на Пресвета Богородица во храмот (Пречиста) - Празнична вечерна во Битола

По твоето раѓање, Богоневесто Владичице, си дошла во храмот Господов да се воспиташ во Светињата над светињите како осветена; тогаш и Гавриил беше испратен при тебе, Сенепорочна, носејќи ти храна. Сите небесни сили се зачудија гледајќи како Светиот Дух се вселува во тебе. Затоа, Пречиста и неосквернета Мајко Божја, која си славена на небесата и на земјата, народот наш спаси го.