Прескокни до содржината

За бракот и семејството - Митрополит Атанасиј Лимасолски

·Zlatko Divjakovski
За бракот и семејството - Митрополит Атанасиј Лимасолски

- Владико, би сакал да Ви поставам неколку прашања за православното семејство – кои се особено актуели денес. Пред сè, како правилно да ја разбереме улогата и местото на жената во современото православно семејство?

  • Безусловно, не е само да готви. На грчки, таинството брак се нарекува: „Последование на венчавање“. И велиме: „Се венчава Божјиот слуга Андреј за Божјата слугинка Марија“. Што значи тоа? Дека тој ја поставува на главата своја како венец. Се разбира, не како трновиот венец на Христа. **Но како еден убав венец, со кој треба да се гордее и радува.
    Во древна Грција, со венци се овенчувале спортистите, атлетите. И сопрузите претставуваат еден за друг венци, кои Бог им ги дал.  Затоа, сопругот (сопругата) се труди да биде во својот живот чист и целомудрен. И пред Бога, тој (таа) ветува, дека ќе врват кон Бога со својата сопруга (сопруг).

Целта на бракот не е само во раѓањето на деца. Ниту пак се состои во среќата – тоа е второстепена цел. Во брак се стапува не само за да си поминеш добро и забавно. Целта на бракот е вечниот сојуз со Младоженецот – Христос. Затоа зборува и апостол Павле, дека „оваа тајна е голема“, споредувајќи го со бракот на Христос со невестата – Црквата. Ако не ни биде тоа прва цел, а сè второстепено го заземе првото место, тогаш бракот ни е во опасност – и може да се распадне. На пример, ако немаме деца, значи ли тоа дека бракот е невалиден или дека сме несреќници? Или ако имаме економски потешкотии, немаме куќа или нешто друго, значи ли дека бракот е неуспешен? Или ако жената се разболи и е прикована за постела, или детето ни се разболи, или самите ние сме болни, значи ли дека бракот ни е несреќен? Не, се разбира, напротив! Тоа значи дека бракот има повеќе можности за достигнување на својата главна цел.

Еднаш, кај старец Пајсиј, дошла група од млади студенти. Тие го замолиле: „Моли се да најдеме добри девојки и тие да ни бидат добри сопруги“. А старецот, многу сакаше да се шегува, и ги праша: „А вие црковни луѓе сте?“ Тие му одговорија: „Ех, се трудиме“. – „А нели ви е срам да барате добри девојки?“ – Отче, а какви да земеме?“ Тој им рече: „А што ќе стане со другите девојки, нив кој ќе ги земе? Да не треба нив да ги затвориме во конзерви, како сардини? Добрите нека ги земат лоши, а лошите да земат добри. Ќе се молам да си најдете најлоши девојки на светот“. Се разбира, после половината од тие младичи станаа монаси.

За бракот и семејството - Митрополит Атанасиј Лимасолски

- Што треба да прави сопругот, кога другиот не сака да има деца или да се повеќе?

  • Треба да ја почитува слободата на другиот човек. Не може во бракот да донесуваме самостојно решенија. Дури и за личните детали од сопружничката врска. Свети апостол Павле вели: „со согласност“ и не едниот од двајцата сопрузи да решава. Свети Јован Златоуст имал многу причини и многу слова за тие сопрузи, кои поради благочестие им предизвикувале непријатни ситуации на своите сопрузи преку воздржание или преку различни аскетски подвизи. Во бракот не си сам, и не можеш да решаваш сам. Ти постоиш заедно со другиот човек. И ако ја пожртвуваш својата волја заради љубовта на твојот сопруг или сопруга, тогаш ќе почне да дејствува Божјата благодат и сè ќе стане подобро.

Митрополит Атанасиј Лимасолски

Извор: pravoslaven-sviat.org