За гревовите - Старец Гавриил (Ургебадзе)


Дрзок е оној човек, кој не ги гледа своите гревови и многу мисли за себеси. Сите горделиви и суетни луѓе, се одвратни во очите Господови.
Ако ти се сметаш за подобар од другите – ти си одвратен за Господа.
Не примај како дар „јудини пари“. Тие пари сигурно ќе те вовлечат во грев, од кој нема брзо да се ослободиш.
Не постои таков грешник, кој Бог не би го примил преку Покајанието и Причесната.
Нарушување на ветувањето – е голем грев.
Потребно е да имаме само еден страв – страв да направиме грев.
Гневот Божји е врз жените кои извршиле абортус. Кајте се и непрестајно молете се, за Господ Бог да ви го прости гревот – детеубиство.
Бесот и бесрамноста - се почеток на секое зло.
Кој дава непрведни наредби, тој греши повеќе, отколку оној кој ги исполнува.
Напразното изговарање на името Божјо е недопустливо, бидејќи со тоа ја нарушуваме Третата Божја заповед.
Неправедно е да бараме од некого било што, кое и самите не сме го давале.
Не треба да обожуваме земен човек.
Не знаејќи ја духовната состојба на ближниот, не давај совети. Твојот совет може да го погуби него.