За смирението - Свети Јован Лествичник
·Zlatko Divjakovski

Смирението е безимена благодат на душата. Нејзиното име им е познато само на оние што ја запознале од сопствениот опит. Тоа е неискажливо богатство, име Божјо и дар Божји. Научете се, вели, не од ангелите, не од човек, не од книги, туку од Мене, т.е. од Моето вселување, просветлување и дејство меѓу вас, зашто Сум кроток и* смирен по срце*, и по ум, и по разум, *и ќе најдете покој за *вашите души (Мат. 11, 29).