Прескокни до содржината

Задушница - Заупокоена Архиерејска Литургија

·Zlatko Divjakovski
Задушница - Заупокоена Архиерејска Литургија

На 10.02.2018 г., кога го празнувавме споменот на Преподобен Ефрем Сирин; Преподобен Исаак Сирин; Преподобен Паладиј; Преподобен Ефрем Печерски (+1096); и Родителската сабота **(Задушница) **пред Великите пости, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Заупокоена Божествена Литургија во соборниот храм Св. Димитриј во Битола. 

После Литургијата, беше отслужена Панихида за упокоените во верата праотци, отци, мајки, браќа и сестри наши, со надеж на Воскресение и вечен живот.

Бог да си спомне и за сите знајни и незнајни чеда на Светата Црква, кои имаат потреба од нашите молитви+

Задушница - Заупокоена Архиерејска Литургија Задушница - Заупокоена Архиерејска Литургија Задушница - Заупокоена Архиерејска Литургија Задушница - Заупокоена Архиерејска Литургија