Прескокни до содржината

Започнаа подготовките за прославата на Свети Кипријан Слепченски

·Zlatko Divjakovski
Започнаа подготовките за прославата на Свети Кипријан Слепченски

На 10.03.2017 г., во просториите на Светата Митрополија во Битола, се одржа работна средба меѓу Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, градоначалникот на Општина Демир Хисар,  г-дин Љупчо Блажевски и Проф. д-р Сашо Цветковски од центарот за истражување на културното наследство при МАНУ (Македонска академија на науките и уметностите), во врска со централната прослава на Преспанско-пелагониската Епархија, по повод 50 години од возобновувањето на автокефалијата на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија. 

На средбата присуствуваше и Архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор о. Никола Грамбозов.

Тема на разговорот беше канонизацијата на новиот светител: Светиот Маченик Кипријан Слепченски.

Започнаа подготовките за прославата на Свети Кипријан Слепченски